ЕИДХР – Европски Инструмент за Демократија и човекови права Програма за поддршка на цивилниот сектор преку грантови шеми

Извештај за влијанието на проектот:

“Јавно и политичко учество

на жените Ромки”

Grant Contract No. NEAR-TS/2015/369-679 as of 27.11.2015

15, Ноември 2017

Овој проект е финансиски поддржан од

ЕИДХР

Ко-финансиран од страна на Инсок

Проектот се имплементира од страна на РОЖМ ДАЈА – Куманово и НВО КХАМ - Делчево

Содржината во овој извештај е во целосна одговорност на тимот на Институтот за Истражување

иАнализа на Политики - Ромалитико како автор и на РОЖМ ДАЈА – Куманово и НВО КХАМ – како имплементатори на проектот, и оттука не ги одразува ставовите и мислењата на Европската Унија

Овој проект е финансиран од страна на ЕИДХР (Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права) Унија, во рамките на програмата поддршка на цивилниот сектор преку грантови шеми. Вооедно, проектот е ко-финансиран од ИНСОК – Иницијатива за Социјални Промени,

Скопје. Главни цели на проектот „ Јавно и политичко учество на

жените Ромки“ се:

-Подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата, јакнење и поддршка на жените

-Создавање на поволна средина во политичките партии

-Зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки

Проектот е имплементиран од страна на Здружение „Ромска организација на жени од Македонија - РОЖМ ДАЈА“ – Куманово, како носител на проектот и НВО Кхам од Делчево

Извештајот за влијанието на проектот “Јавно и политичко учество на жените Ромки” e подготвен од страна на Институтот за Истражување и Анализи на Политики - Ромалитико

Содржина

 

Вовед ............................................................................................................................................................

1

Методологија...............................................................................................................................................

4

Осврт на тоа колку Ромките претставнички учествуваа на локалните избори......................................

6

Обуки за мониторинг на изборите ............................................................................................................

7

Тренинг модули – Евалуација колку тренинзите ги зголемиле нивните знаења, вештини, и

 

придонеле кон практикување на истите.................................................................................................

15

Политички партии – Колку политичките партии се спремни да вклучат жени тренингот .................

22

Научени лекции.........................................................................................................................................

25

Заклучок .....................................................................................................................................................

30

Библиографија...........................................................................................................................................

32

Вовед

Почнувајќи од локално, па се до национално ниво, лидерството на жените и нивното политичко учество се ограничени. Жените се недоволно и нееднакво застапени како гласачи, како раководители, без оглед дали се избрани според демократски процес, именувани на позиции во јавниот сервис, приватниот сектор и други општествени сектори. Ова се случува и покрај фактите кои докажуваат дека жените имаат способности да бидат лидери и агенти на промени и нивното право да учествуваат подеднакво во демократското владеење. Постојат повеќе причини зошто учеството на жените е ограничено во општествените текови, посебно во политичкиот живот. Структурните бариери преку дискриминаторските пракси во институциите кои сеуште ги ограничуваат можностите на жените да се кандидираат за функција. Недостатокот на капацитет значи дека жените се во поголема опасност да бидат вклучени за разлика од мажите кои би имале соодветно образование, контакти и ресурси потребни за да станат ефективни лидери1.

Според резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите Нации за жените во 2011 година се забележува потребата за ангажирање на обединетите нации за унапредување на ситуацијата на жените и нивното политичкото учество, "Жените во секој дел од светот и понатаму е во голема мера маргинализирани од политичките сфера, често како резултат на дискриминаторски закони, практики, ставови и родови стереотипи, недостаток на соодветно образование, недостаток на пристап до здравствена заштита и непропорционален ефект на сиромаштијата на жените2".

Ипокрај поразителните факти, индивидуално жените ги надминуваат овие пречки со напорна работа и големо признание кое често е во корист на општеството во целост. Но, за жените како целина, нивото на учество треба да биде пропорционално со нивото на мажите. Со тоа, жените ќе имаат можност за реализирање на своите амбиции, а воедно

1Обединети Нации. (2013) „Лидерство на жените и политичка партиципација“. Достапно и пристапено на : https://goo.gl/xArgaC (11.11.2017)

2Ибид

1

учествуваат во унапредувањето на половата еднаквост со поделба на одговорностите за општеството.

Во Република Македонија, учеството на жените во политиката е сеуште на завидно ниво. И покрај воведувањето на квотите на една третина од изборните листи да се состојат од жени, националната стратегија за родова еднаквост, меѓународните резолуции и директиви ратификувани од страна на Република Македонија. Жените активистки во државата сеуште сметаат дека има простор за унапредување на партиципацијата на жените во политичкиот живот3. Според проценката на граѓанските организации, а забележано од страна на Реактор во 2014 година, спроведувањето на стратегијата за родова еднаквост реализираше 8 од 33 мерки или пак се значително спроведени. Меѓу другото 10 од мерките значително доцнат во спроведувањето, а 15 од мерки воопшто не се започнати4.

Покрај овие аргументи ситуацијата на жените од малцинствата, посебно на жените Ромки во Република Македонија е на драматично полошо ниво. Партиципацијата на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот има дополнително повеќе бариери и ограничувања кои се упатени од страна на институциите, политичките партии и многу други фактори. Истото го бележи и Европската Комисија консекутивно во нивните извештаи за напредок на државата кон интеграција во Европската Унија. Извештаите го мапираа проблемот на политичката партиципација на жените Ромки и двојната дискриминација на жените Ромки како дополнителна бариера за остварување на правото за партиципирање во политичкиот живот. Затоа напорите на граѓанските организации за унапредување на статусот на жените Ромки го актуелизираат прашањето на жената Ромка во општеството посебно во учеството во политиката.

Овој извештај како резултат на проектот спроведен од страна на Ромската Организација на Жени од Македонија „ДАЈА“ од Куманово и НВО „КХАМ“ од Делчево под наслов „Јавно и

3 Гласот на Америка. (2016) „Родова застапеност во политиката во Македонија“. Достапно и пристапено на: https://goo.gl/LVb56P (11.11.2017)

4 Реактор. (2015) „Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во

Македонија“. Достапно и пристапено на: https://goo.gl/EYMMK2 (11.11.2017)

2

Политичко Учество на Жените Ромки“. Овој проект беше финансиран од страна на Европскиот Инструмент за Демократија и човекови права, Програма за поддршка на цивилниот сектор преку грантови шеми, а воедно ко-финансиран од ИНСОК – Иницијатива за Социјални Промени, Скопје. Целта на овој проект беше подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата. Оваа цел се реализираше преку јакнење и поддршка на жените Ромки, создавање на поволна средина во политичките партии и зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки.

3

Методологија

Основната студија на овој проект ја опфати националната рамка и општините Шуто Оризари, Гостивар, Делчево, Штип и Куманово. На истата фокусот беше насочен кон учеството и застапеноста на жената Ромка во институциите, како и застапеноста на жената Ромка во политичките партии. Изборот на општините е исто така направен според процентуалната застапеност на Ромите, како и опфат на различни региони. Додека пак овој извештај кој има за цел да го измери влијанието на проектот и успешноста на спроведувањето на активностите користеше 360 degree feedback преку квантитативен метод. При користењето на овој метод, Ромалитико како експертски тим користеше онлајн анкети како инструмент за дофат на корисниците на овој проект. Овој проект предвиде примарна таргет група од жени Ромки од петте општини, односно вкупно 65 жени. Покрај жените, спроведувачите ги таргетираа и претставниците на политичките партии и граѓанскиот сектор, вкупно 14 претставници.

Прилагодени обуки вештини, нови знаења и свест за вклучување во политичкиот живот

Обуки за мониторинг на локалните

 

избори во 2017 година

Извештај за мерење на

 

влијанието на проектот

Анкета за претставници на

политичките партии и граѓанските

Анкета за спроведувачите на

проектот

При анализа на податоците за влијанието на проектот, Ромалитико користеше интегративен метод при што:

4

Првата анкета ги таргетираше жените Ромки кои учествувале на прилагодените обуки вештини, нови знаења и свест за вклучување во политичкиот живот. Оваа анкета се состоеше од 13 прашања кои ги таргетираа жените кои учествувале во овие обуки. Ромалитико за оваа анкета користеше random cluster функција за репрезентативен примерок според географска дистрибуција од жените кои учествувале на обуките. На оваа анкета одговорија 20 жени.

Втората анкета беше наменета за жените Ромки кои учествувале во обуките за подигање на свеста односно обуките за мониторинг на локалните избори во 2017

година. Оваа анкета се состоеше од 12 прашања кои ги таргетираа само учесничките на оваа обука. Ромалитико и за оваа анкета користеше random cluster функција за репрезентативен примерок според географска дистрибуција од жените кои учествувале на оваа обука. На оваа анкета одговорија 15 жени.

Третата анкета ги таргетираше претставниците на политичките партии и граѓанските организации кои се одзваа на поканата од спроведувачите на проектот. Оваа анкета имаше 9 прашања за вкупно 14 претставници. Ромалитико за оваа анкета ги контактираше сите претставници со цел да обезбеди придонес и од политичките партии и од граѓанските организации. На оваа анкета одговорија 12 претставници.

Четвртата анкета беше наменета за спроведувачите на проектот, односно по еден претставник од двете организации. Оваа анкета имаше 13 прашања. Ромалитико ги контактираше двете организации за нивниот придонес со цел да се анализира и нивното видување за влијанието на проектот.

5

Осврт на тоа колку Ромките претставнички учествуваа на локалните избори

Со цел унапредување на вклученоста на жените во процесите на одлучување на национално и локално ниво во законската регулатива на Република Македонија се воведоа афирмативни мерки каде што секој пол ќе биде застапен со најмалку 30%5. На локалните избори 2017 беа избрани вкупно 27 советници Роми од кои само 5 се жени Ромки. Како и секогаш единствено само во општина Шуто Оризари беа поднесени советнички листи составени од Роми од страна на две политички партии (Сојуз на Роми и Социјалдемократски Сојуз на Македонија). Од доставените листи може да се забележи дека и двете политички партии внимаваа на родовата еднаквост. Во секој случај, ромските политички партии и лидери се придржуваат стриктно до законската регулатива да постават на секое трето место жена Ромка без притоа да отстапат место на советничките листи и да стават поголем број на жени Ромки на добитните позиции од советничката листа.

Според резултатите од локалните избори од вкупно пет жени советнички на национално ниво, четири жени Ромки се избрани да бидат дел од советот на општина Шуто Оризари. Од советничката листа на Сојузот на Роми беа избрани две жени Ромки , исто толку беа избрани и од листата на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Исто така, една жена Ромка од политичката партија на Демократски Сили на Ромите беше избрана да биде дел од советот на Град Скопје. За жал ниту една жена Ромка не беше кандидат за градоначалник на некоја општина. Во општина Чаир на советничката листа под број пет од страна политичката партија Роми Обединети од Македонија беше ставена жена Ромка меѓутоа истата не успеа да стане дел од советот на општина Чаир.

Во голем дел излезеноста на локалните избори 2017 кај ромската заедница споредбено со другите етнички заедници е пониска. Во првиот круг од вкупно 23.289 запишани гласачи во

5 Член 21 од изборен законик на Република Македонија (пречистен текст) 2016 год. Достапно на: https://goo.gl/jCjJdb

6

избирачкиот список во Шуто Оризари гласале 9.433 односно излегле на гласање 40,05%6. Додека во вториот круг кога се гласаше само за градоначалник излезеноста беше намалена на 36,79. За жал не се достапни информации на излезеност по пол, но по некоја пракса кај ромската заедница излезеноста на жената Ромка е помала.

Обуки за мониторинг на изборите

Во рамките на проектот беше спроведена обука за мониторинг на локалните избори со цел да се зголемат капацитетот на вкупно 60 жени Ромки за нивно вклучување во јавниот и политичкиот живот. Очекуван резултат од оваа активност беше да се покачи свеста помеѓу жените Ромки во 5 општини во Македонија за нивните граѓански права, за процедурата на гласање и учество во политиките партии, демократијата и важноста на нивната вклученост.

Со цел да се утврди во која мера активностите кои ги спроведоа двете организации придонесоа за постигнување на целта беше доставен прашалник за само-евалуација на учесниците на обуката за мониторинг на локалните избори. По случаен избор беа избрани 25% од учесниците на обуката за мониторинг на локалните избори, при што заклучоците кои ги генерира овој влијание извештај се репрезентативни за сите учесници кои беа опфатени со обуката.

Според демографските карактеристики беа опфатени по 7% од учесниците од општините Делчево, Кичево, Кочани, Штип 21% додека во Скопје и Куманово беа опфатени 29% од учесниците имајќи во предвид дека најголем број од Ромската заедница и учесници доаѓаат од овие две општини. Од интервјуираните учесници, најголем дел од нив се со високо образование (50%), додека учесниците со средно образование 35% и незавршено образование учествуваат 15%.

6 Според официјалните резултати на Државната Изборна Комисија. Достапно на: https://rezultati2017.sec.mk

7

График 1: Демографски карактеристики на учесниците

25.00%

 

 

20.00%

 

 

15.00%

 

Високо образование

 

 

 

 

Незавршено образование

10.00%

 

Средно образование

 

 

5.00%

 

 

0.00%

 

 

 

 

Делчево Кичево Кочани Куманово Скопје Штип

График 2: Влијание од обуката за мониторинг

Високо

образование

4.4

 

 

 

4.2

 

 

 

4

 

 

 

3.8

 

 

Знаењата -

 

 

 

3.6

 

 

познавање на

3.4

 

 

материјата за

 

 

локални избори

3.2

 

 

 

 

вештини за

 

 

 

 

 

мониторинг на

 

 

 

избори

Средно

Незавршено

 

Промена на Ставови

образование

образование

 

 

 

Во однос на евалуацијата на обуката за мониторинг на локални избори учесниците истата ја проценија со средна оцена 4. Од вкрстената анализа може да се увид дека најголемо влијание има кај учесниците со средно образование во однос на зголемување на знаењето со средна оцена 4.2. Во поглед на вештините, учесниците дадоа оцена 4 при што најголемо влијание има кај двете групи со повисоко образование. Најмало влијание има кај

8

учесниците со незавршено образование, при што имплементаторите на проектот во однос на идни активности треба како таргет да ги вклучат учесниците со средно образование за да истите имаат поголем ефект.

График 3: Оцена за логистиката на обуката

Делчево

5

 

 

 

4

 

 

 

3

Кичево

1)

Општа оценка за обуката

Штип

2

 

 

 

1

 

2)

Оценка за обучувачот

0

 

3)

Трансфер на знаења и

 

 

 

 

вештини

 

 

4)Комбинација на алатки

Скопје

Кочани

(методологија)

Куманово

Од аспект на логистиката, учесниците исто така имаа можност да дадат оцена за обучувачот, неговата компетентност, комбинацијата на алатки како и неговата способност за трансфер на вештини и знаења. Од графиконот 3 може да се забележи дека средна оцена е 4.2, каде што најголема оцена (4.75) е добиена за обучувачот од страна на учесниците од Скопје, додека најниска вредност за обучувачот е добиена од страна на учесниците од Делчево (3). Во поглед на останатите компоненти, речиси од страна на сите учесници беа оценети со средна оцена 4.

9

График 4: Колкав број од учесниците се пријавиле за набљудувачки

60.00%

50.00%

40.00%

30.00%

20.00%

10.00%

0.00%

Total

Да

Не

(blank)

Кога станува збор за учество на жените Ромки во политиките процеси, 50% од учесниците се пријавиле за набљудувачки и сите биле примени. Ова говори дека жените Ромки се поактивно земаат учество како набљудувачи за време на локалните избори при што процентот е солиден во споредба со изминатите изборни процеси. Од испитаничките кои не се вклучија како набљудувачки, како причини беа истакнати немањето на време поради претходни работни ангажмани (40%), додека 20% се истакнаа дека немаат одговор.

Наредниот графикон ја покажува само-процената на учесниците за излезноста на жената Ромка за време на локалните избори. Според тоа, може да се заклучи дека најголема излезност на жените Ромки има во Делчево и Кочани (80-100%), додека најмала излезност во Штип и Куманово (20-40%). Во Скопје и Кичево, процентот на излезност според процентите на учесничките бил (40-60%). Оттука, може да се забележи дека најголема политичка зрелост и можности има во Делчево и Кочани при што истото треба да се има во предвид во натамошното делување на организациите.

10

График 5: Проценка за излезноста на жената Ромка

35.00%

30.00%

25.00%

Д) 20 - 40%

20.00%

Г) 40 – 60%

15.00%

 

 

 

 

 

 

В) 60-80%

 

 

 

 

 

 

 

10.00%

 

 

 

 

 

 

Б) 80-100%

 

 

 

 

 

 

 

5.00%

 

 

 

 

 

 

 

0.00%

 

 

 

 

 

 

 

Делчево

Кичево

Кочани

Куманово

Скопје

Штип

 

Од График 6, може да се забележи дека 42% од учесниците имаат дадено оцена 3 за придонесот на обуката за зголемување на свеста на жената Ромка, додека 42% имаат дадено оцена 4 и 15% од учесниците имаат дадено оцена 5 притоа. Од вкрстената анализа произлегува дека 21% од жените со високо образование и 15% со незавршено образование го делат ова мислење. Останатите учеснички (28%) со средно образование имаат дадено оцена 4, додека 20% од учесниците со високо образование имаат дадено оцена 5. Оттука може да се заклучи дека обуката имала релативен придонес кон зголемување на општата свест на жената Ромка.

График 6: Придонес на обуката кон зголемување на свеста на жената Ромка

45.00%

 

40.00%

 

35.00%

 

30.00%

 

25.00%

 

20.00%

Total

 

15.00%

10.00%

5.00%

0.00%

3

4

5

11

Од одговорите за пројавен интерес за политиката на учесниците може да се заклучи дека најголем интерес имаат жените од Делчево, потоа следат жените Ромки од Кочани, Штип Куманово и Скопје, додека најмал интерес за политика пројавуваат жените Ромки од Кичево.

График 7: Можност за политичка кариера

60.00%

50.00%

40.00%

30.00%

20.00%

10.00%

0.00%

Total

1) Да

2) Не

3) Не знам

Во поглед на аспирациите на жените Ромки учеснички во обуката, може да се увиди дека се издвојуваат Делчево и Кочани каде што учесничките се чувствуваат подготвени да започнат политичка кариера доколку им се понуди. Останатите учесници не знаат дали би прифатиле позиција за градење политичка кариера. Сепак некои учеснички од Скопје и Штип исто така би прифатиле таква позиција.

График 8: Жен ите Ромки

Г р а ф и к 9 : Ж е н и те Р о м к и

и м а а т д о в о л н о с т е к н а то

имаат други работи и н е

 

з н а е њ е и в е ш т и н и д а

 

се интересираат за

 

 

у ч е с туваа т ов и з б орн и от

 

пол итика

25.00%

 

п р о ц е с

 

25.00%

 

 

 

 

 

20.00%

 

20.00%

 

 

 

 

15.00%

 

15.00%

 

10.00%

 

10.00%

 

5.00%

 

5.00%

 

0.00%

 

0.00%

 

 

 

Воопшто не се согласувам

Делумно се согласувам Потполно се согласувам

Делумно се согласувам

Се согласувам

Се согласувам

12

Во овој дел следи евалуацијата на ставови на учесничките во обуката во однос на некои изјави за да се утврди во кој степен тие се согласуваат. Така на пример, од график 8 може да е увиди дека учесничките од Делчево, Штип како и 15% од учесничките од Скопје и 5% од Куманово не се согласуваат со ставот дека “Жените Ромки имаат други работи и не се интересираат за политика“. Додека учесничките од Кичево, Куманово и Кочани се согласуваат со ваквата изјава. Во однос на тоа дали жените Ромки имаат доволно знаење

ивештини за да учествуваат во изборниот процес, речиси сите од учесничките се согласуваат со изјавата. Единствено, 5% од жените од Скопје делумно се согласуваат.

Околу 65% од учесниците сметаат дека жените Ромки имаат стекнатото вештини и знаења за да учествуваат во изборниот процес, додека 15% делумно се согласуваат. Околу 20% делумно се согласуваат со оваа изјава. Во однос на географската дистрибуција, учесничките од Скопје, Куманово и Штип сметаат дека жените Ромки имаат доволни вештини и знаења.

График 10: Жен ите ромки

Ж е н и т е Р о м к и м о ж е д а

б и д ат д ос т ојн и

имаат доволн о

н а б љ у д увач к и з а в р е м е н а

самодоверба да се

и з б о р и т е

кандидираат за

 

 

советнички /

30.00%

 

градоначалнички

25.00%

25.00%

 

20.00%

20.00%

 

 

 

15.00%

 

15.00%

 

 

10.00%

 

10.00%

 

 

5.00%

 

5.00%

 

 

0.00%

 

0.00%

 

Делумно се согласувам

Се согласувам

Потполно се согласувам

Се согласувам

Во однос на самодовербата, учесничките 65% се согласуваат дека имаат доволно самодоверба да се кандидираат за советнички/ градоначалнички додека 35% делумно се согласуваат. Ова укажува дека постои доволно самодоверба кај жените Ромки да се вклучат во политиката кое што може да се поврзе со учеството на жените Ромки во обуките.

13

Од график 11, може да се заклучи дека 70% од учесничките потполно се согласуваат додека останатите 30% се согласуваат дека жените Ромки може да бидат достојни набљудувачки за време на изборите.

График 12: Очекување за идни промени на позицијата на жената Ромка

30.00%

25.00%

20.00%

15.00%

1) Да – Позитивни промени

3) Не - нема да има промени

10.00%

 

 

 

 

 

 

4) Не знам

5.00%

 

 

 

 

 

 

 

0.00%

 

 

 

 

 

 

 

Делчево

Кичево

Кочани

Куманово

Скопје

Штип

 

Во однос на тоа какви промени се очекуваат со промената на власта во однос на позицијата на жената Ромки, речиси 85% од учесничките од сите општини се надеваат на позитивни промен. Само учесничките од општина Кичево сметаат дека нема да има никакви промени и дека позицијата на жената Ромка ќе биде иста.

14

Тренинг модули – Евалуација колку тренинзите ги зголемиле нивните знаења, вештини, и придонеле кон практикување на истите

Во рамките на сетот на активности кои ги спроведоа НВО за подигање на света на жената Ромка за нејзино активно учество во јавниот и политичкиот живот, прилагодените обуки имаат значајно влијание. Пред се, поради тоа што истите беа дизајнирани според актуелните потреби на жената Ромка, но и поради можноста да се влијае врз жените Ромки за промена на нивните ставови и зајакнување на нивната самодоверба за земање на иднината во сопствени раце.

График 12: Демографски карактеристики

16.00%

 

 

14.00%

 

 

12.00%

 

 

10.00%

 

Високо образование

 

 

8.00%

 

 

6.00%

 

Незавршено основно

 

образование

 

 

4.00%

 

Средно образование

2.00%

 

 

0.00%

 

 

 

 

Во однос на демографските карактеристики на учесничките, најголем дел од нив се од Скопје (25%), Куманово (20%), потоа следат Штип и Кочани (15%), Битола и Делчево (1%) и Кичево (5%). Според степенот на образование, најголем дел се со средно и високо образование – 45%, и незавршено основно образование 10%.

Во однос на нивото на задоволство од спроведените обуки, дури 55% се многу задоволни додека 45% се изјасниле дека се задоволни при што јасно може да се заклучи дека учесничките се прилично задоволни од спроведените обуки.

15

График 13: Колку сте задоволни од сетот на обуки?

60.00%

50.00%

40.00%

30.00%

20.00%

10.00%

0.00%

Total

А) Многу задоволни

Б) Задоволни

График 14 го прикажува придонесот на обуката во однос на три показатели: зголемување на знаења, зголемување на вештини и промена на ставови кои се случиле како резултат на обуката.

Оттука, следи дека обуките имале најголем придонес во зголемување на знаењата речиси кај сите припаднички со средна оцена од 4.4, додека учесниците за зголемувањето на вештините имаат оцена од 4.1. Најголем придонес се забележува кај учесничките од Делчево и Кичево со средна оцена – 5 за сите три показатели.

За третиот показател, промена на ставови кој во реалноста е навистина тешко да се постигне, учесничките имаат дадено средна оцена 4, каде што најмал придонес се забележува во Кочани со средна оцена 3.5.

16

 

 

График 14: Придонес на обуката

 

 

Битола

 

 

5

 

 

 

4

 

 

Штип

3

Делчево

 

 

 

 

 

2

 

Average of Зголемување на

 

1

 

знаењата

 

 

 

 

0

 

Average of Промена на ставови

 

 

 

Скопје

 

Кичево

Average of Зголемување на

 

 

 

вештини

КумановоКочани

Во однос на обуката, изборот на теми и логистиката сите учеснички имаат дадено висока оцена (4.5.). Истото се однесува и за оцена на обучувачите – средна оцена 4.5 во однос на трите показатели – познавање на темата, трансфер на знаења и методологија.

График 15: Акции спроведени по завршувањето на обуките

Штип

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

a) Иницијатива на локално ниво за

Скопје

 

 

 

 

 

 

 

вклучување и учество на жените

 

 

 

 

 

 

 

Ромки

 

 

 

 

 

 

 

 

Куманово

 

 

 

 

 

 

 

b) Кампањи за подигање на свеста

Кочани

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

c) Средба со политички партии/ НВО,

Кичево

 

 

 

 

 

 

 

други институции

Делчево

 

 

 

 

 

 

 

d) Учество во јавни трибини/

 

 

 

 

 

 

 

 

Битола

 

 

 

 

 

 

 

сослушувања на кандидатите

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

0.00%

5.00%

10.00%

15.00%

20.00%

25.00%

30.00%

35.00%

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17

Како што може да се забележи од графиконот, најголем број акции по завршувањето на обуките биле спроведени во Скопје (30%), потоа следат Штип (17%) и Кочани (17%). Највеќе доминираат активности од видот на кампањи за подигање на свеста (41%), средба со политички партии и НВО (23.5%) и учество на јавни трибини за сослушување на кандидати (23.5%). Според тоа може да се заклучи дека учесничките по стекнатите вештини и знаење , активно учествувале во политиките процеси во текот на локалните избори.

График 16: Претходно искуство во лобирање, застапување и комуникација

25.00%

20.00%

15.00%

a) Да

10.00%

b) Не

5.00%

0.00%

Како што може да се увиди од график 40% од учесничките немале претходно искуство за горенаведените области, додека најголем дел од нив се во Штип и во Битола. Најголем процент од учесничките со веќе претходно искуство се од Скопје (20%) и Куманово (15%)

18

График 17: Кои од следниве институции ги комунициравте за информирање на

можности за Ваше учество?

Штип

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје

 

 

 

 

 

 

Куманово

 

 

 

 

 

e) Локални институции

Кочани

 

 

 

 

 

c) Политички партии

 

 

 

 

 

 

Кичево

 

 

 

 

 

b) НВО

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

a) Медиуми

Делчево

 

 

 

 

 

 

Битола

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

0.00%

5.00%

10.00%

15.00%

20.00%

25.00%

 

 

 

 

 

 

 

Учесниците највеќе ги имаат контактирано цивилните организации (60%) за консултација, локалните институции (20%) додека 10% комуницирале со политичките партии и медиумите. Може да се забележи дека генерално жените Ромки имаат поголема доверба во цивилниот сектор и поради тоа се почесто со нив се одвиваат консултации за учество во јавниот и политичкиот живот. Сепак, и покрај горенаведената констатација, 50% од учесничките ја оценуваат како многу важна средбата со политичките партии. .

График 18: Дали комунициравте со политички партии за можности на Ваше учество

во партиски активности?

90.00%

 

80.00%

 

70.00%

 

60.00%

 

50.00%

 

40.00%

Total

 

30.00%

20.00%

10.00%

0.00%

a) Да

b) Не

19

Како што може да се забележи од График 18, 80% од учесничките на обуките не комуницирале со политичките партии за нивна можност во партиски активности, додека само 20% разговарале со политиките партии. Ваквата констатација укажува дека позицијата на жената Ромка, како и нејзината свест за политика е сеуште на ниско ниво и оттука дополнителни активности треба да се преземат од страна на институциите.

График 19: Колку ви помогнаа обуките за преговарање, лобирање, застапување и комуникација при учество во јавниот и политички живот (1 – најмалку, 5 – најмногу)

70.00%

 

60.00%

 

50.00%

 

40.00%

 

30.00%

Total

 

20.00%

 

10.00%

 

0.00%

2

3

4

5

Иако, свеста и самодовербата на жената Ромка и понатаму треба да се зајакнува, сепак обуките значајно придонеле жените Ромки да ги артикулираат својот глас и активно учествуваат во општествени текови. Околу 58% дале средна оцена 4, додека 21% оцена 5, искажувајќи на позитивно влијание на обуките во градењето на сопствените капацитетите. Околу 15% имаат дадено средна оцена 3.

20

График 20: Дали сте заинтересирани да основате или учествувате во унија на жени во

некои од Ромските политички партии?

16.00%

14.00%

12.00%

10.00%

a) Да

8.00%

b) Не

 

6.00%

c) Не знам

 

4.00%

2.00%

0.00%

Битола Делчево Кичево Кочани Куманово Скопје

Штип

Последниот графикон, покажува дека околу 60% од учесничките на обуката се заинтересирани да основаат или учествуваат во унија на жени од Пол. Партии. Високиот процент може да асоцира со позитивното влијание на проектот во подигнувањето на света на жената Ромка за активно учество во политичките процеси.

21

Политички партии – Колку политичките партии се спремни да вклучат жени тренингот

Со цел да се испита мислењето на претставниците на политичките партии и граѓанските организации за тоа колку жените Ромки треба да се вклучат во политичките партии се изготви краток прашалник од девет прашања. Прашалникот беше испратен на 14 лица (мажи) од кои 12 го одговорија. Според добиените податоци сите претставници се едногласни дека е потребно жените Ромки да се вклучуваат во политичките партии. Исто така, едногласни се претставниците дека е повеќе од потребно жените Ромки да бидат именувани на позиции и во партиите, но и во институциите во кои се вработени или би се вработиле. Во однос на прашањето околу соодносот на политичко учество на мажот Ром и жената Ромка сите претставници сметаат дека жената Ромка се соочува со помало политичко учество. Ваквото мислење ја отсликува моменталната состојба на национално и локално ниво во која политичкото учеството на жената Ромка е минимално.

Половина од испитаните претставници на ромските политички партии и граѓанските организации не се задоволни од процентот на учество на жената Ромка во политичкиот живот, додека половина се изјаснија дека до некаде се задоволни. Како дополнително прашање на испитаниците кои одговорија дека не се задоволни од процентот на учество на жената Ромка им се даде можност да ја наведат причината поради која сметаат дека жената Ромка не е доволна вклучена во политичкиот живот. Еден од испитаниците смета дека нискиот процент на учество на жената Ромка во политичкиот живот се однесува на “неверувањето на мажите дека жената може да биде добар политичар.” Додека друг претставник смета дека нискиот процент на учество на жената Ромка од една страна се должи на “стегите на традиционалното ромско семејство каде мажот како глава на фамилијата не дозволува жената да излегува од домот и да се занимава со политика”. Истиот претставник го нагласува и “односот на самите ромски политички партии кои не вложуваат доволно напори за да ја вклучат жената Ромка во своите редови” при што смета дека образованието на жената Ромка веќе не е проблем затоа што е на

22

задоволително ниво. Според еден од одговорите нискиот процент на учество на жените се должи на тоа што “Ромите како заедница генерално малку учествуваат во процесот на креирање на јавни политики…”, дополнително тоа “упатува дека уште помалку [Ромите] учествуваат во политичките процеси...” како на пример “членство во политичките партии, креирање на нивни програми, учество во креирање на политики, а аналогно на тоа и во предизборни и други активности на политичките партии.” Сето ова го прави “учеството на жената Ромка уште по незабележително поради многу фактори од кои како најбитни се:

1.Неизградена свест кај политичките субјекти за потребата од партиципацијата на жената Ромка која е само декларативна, а не и инклузивна

2.Неизградена свест и кај самата заедница за потребата на учеството на жената Ромка

3.Образованието

4.Општата и политичката култура.

5.Традиција

6.Економската состојба на заедницата

Додека друг дел од претставниците сметаат дека нискиот процент на учество во политичкиот живот се должи на незаинтересираноста на жената Ромка, дискриминацијата од страна на мажите и политичките партии, големиот број на други обврски, како и недовербата од страна на мажите дека жената може да биде добар политичар.

Сите претставници се согласни дека жените Ромки треба да земат учество на избори. Седум претставници сметаат дека нивниот политички лидер работи и го поддржува развојот на жената Ромка и нејзините права, додека пет претставници сметаат дека до некаде нивниот лидер се залага за развојот на жената Ромка. На прашањето дали доколку жена Ромка би била номинирана за кандидат за парламентарни/локални избори би го дале својот глас сите претставници едногласно одговорија потврдно. Исто така, десет претставници сметаат дека жена Ромка би можела да биде м Градоначалник/Премиер/Претседател, додека двајца сметаат не се сигурни.

23

На последното прашање на претставниците им беа понудени ставови кои придонесуваат за нискиот процент на учество на жената Ромка во политичкиот живот и требаше да изберат со кој став највеќе се согласуваат. Според добиените одговори најголем дел односно 58,3 од претставниците сметаат дека жените помалку се интересираат за политика од мажите, потоа следуваат ставовите дека политичките партии повеќе ги преферираат мажи. Како трет став по бројот на одговори се наведува дека семејните обврски не им дозволуваат на жените да учествуваат во политичкиот живот. Како четврти став се издвојува пристапот до ресурси кои се потребни за учество на избори, додека последен е дека поголема е веројатноста општеството да поддржи маж отколку жена.

24

Научени лекции

Последниот дел од овој извештај се однесува на четвртата анкета која беше наменета за спроведувачите на проектот, односно по еден претставник од двете организации. Оваа анкета се состоеше од вкупно 13 прашања кои се однесуваа на процесот на имплементација на проектот и факторите коишто имале одредено влијание врз крајниот резултат на проектот. Ромалитико ги контактираше двете организации за нивниот придонес со цел да се анализира и нивното видување за влијанието на проектот.

Во однос на само евалуацијата за тоа колку се задоволни невладините организации од имплементацијата и влијанието кој што го направиле во заедницата, двете организации се изјаснија дека се задоволни од спроведеното.

На второто прашање “Дали во текот на проектот се соочивте со бариери при имплементација на проектните активности?”, двете организации одговорија дека истите се соочиле со бариери при имплементација на проектните активности. Причините се однесуваат на техничко административни проблеми кои биле поврзани со одредени јавни институции како на пример Управата за Јавни Приходи и Секретаријатот за Европски Прашања кои го отежнале пристапот за вадење на документи за даночно ослободување и доцнење во префрлувања на финансиски средства од првата рата-транша. Заедничкото искуство на двете организации е дека политичката криза во државата предизвика застој и одложување на дел од активностите. Политичката криза придонела дел од политички партии (ВМРО, РОМ, Неждет Мустафа како Министер) да не сакаат да соработуваат со имплементаторите на проектот, поконкретно не сакале да учествуваат на средби односно биле недостапни. Како резултат на ваквите случувања била направена промена во временската динамика од планираната временска рамка на активностите. Исто така дополнителна бариера биле двата изборни циклуси на локално и национално ниво кои се одржале во последната година од имплементацијата.

Во однос на третото прашање “До кој степен активностите кои беа преземени во рамките на проектот беа ефективни кон остварување на целите на проектот ?”, организациите

25

сметаат дека биле ефективни во делот на зајакнување и поддршка на жените Ромки за учество во јавниот и политичкиот живот. Ист е и одговорот за создавање пријатна атмосфера во политичките партии за вклучување на жени Ромки. Разлика во одговорите за ефективност се појавува во покачувањето на свеста помеѓу општата популација, институциите и бизнис секторот во надминување на бариерите за учество на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот. Имено една од организациите смета дека активностите за оваа цел биле многу ефективни додека пак другата организација смета дека активностите за оваа цел биле умерено ефективни.

На прашањето “Во која мера ресурсите кои ги имавте на располагање беа доволни за реализација на целите и активностите според предвидениот план?” организациите сметаат дека ресурсите биле доволни во умерена мера односно дека биле потребни повеќе ресурси.

Во однос на прашањето колку активностите помогнале да се подобри соработката со инволвираните страни во проектот, организациите одговориле дека висок степен на соработка е развиен со политичките партии, НВО секторот и ромската заедница, додека пак различна оценка за степенот на соработка се појавува во делот на институциите каде едната организација смета дека степенот на соработка со институциите е на висок степен додека пак другата организација смета дека подобрувањето на соработката со институциите била умерена.

На прашањето Во која мера сте задоволни од имплементацијата на следните активности?, организациите се повеќе од задоволни во однос на:

-Подготовка на основна база на податоци за бројот и позициите на жените Ромки во сите политички партии, државни и јавни институции

-Активности за покачување на свеста помеѓу жените Ромки (јавни средби, брошури, обука на 60 жени)

-Прилагодени обуки за жени Ромки за активно учество во политичкиот и јавниот живот

26

Во однос на средбите со претставници на политичките партии на локално ниво една од организациите е задоволна додека пак другата е умерено задоволна. Во делот на обука за женски права за родова еднаквост и демократија на 20 машки претставници на политички партии двете организации се задоволни од имплементирани активности. Во однос на организирање средби на општинско ниво една организација е умерено задоволна додека пак другата организација е задоволна

Двете организации се повеќе од задоволни од активностите во делот на подготовка на извештај за влијание и Регионална конференција. На прашањето за мотивираноста на учесничките на обука една од организациите смета дека мотивираноста била средна додека пак другата организација смета дека мотивираноста била на многу високо ниво.

На прашањето “Во која мера сте задоволни од соработниците во проектот (обучувачи, консултанти и сл)”? организациите се изјаснија дека се повеќе од задоволни од нивната работа. Во однос на прашањето за надворешните фактори кои имале позитивно влијание на проектот организациите сметаат дека Законот за еднакви можности имало позитивно влијание врз проектот. Исто така организациите сметаат дека искуството од обуките коишто жените Ромки ги добиле можеле да ги применат веднаш и поради тоа дел од нив биле активно вклучени во изборите.

На следното прашање за надворешни фактори кои имале негативно влијание врз проектот организациите повторно посочија дека двата изборни циклуси кои се случија во период од 10 месеци имале негативен ефект врз проектот. Во тој период ангажираноста на политичарите во кампањите ги направило да бидат недостапни за средбите кои биле организирани од страна на организациите па истите морале да се презакажуваат или воопшто повторно да не се одржат. Проблеми исто така се појавиле за време на организирањето во други локални градови. Имено не биле предвидени средства за лицата кои требало да ги организираат настаните и поради непостоењето на логистичка мрежа било тешко да се најде соодветно место каде би се поканиле претставници на локалните заедници.

27

По однос на квантитативната евалуација за постигнати резултати повеќе од 80% од предвидените кандидатките и учесници во обуките биле вклучени односно опфатени со проектот. Истото се однесува и на средбите со институциите и политичките партии. На прашањето за квалитативна евалуација за постигнати резултати организациите истакнаа дека еден дел од кандидатките кои посетувале обуки се веќе дел од некоја политичка или граѓанска структура, како носители на некоја водечка или раководна позиција. Позитивниот пристап и прифаќањето на промени кај одредени политички лидери во однос на преструктуирање и ревидирање на нивните основни документи е исто така позитивен исчекор. Сепак се очекува официјална достава на документација за да се утврдат ветени промени. За организациите предвидените резултати од овој проект биле очекувани, бидејќи сите вклучени страни ја дале својата максимална заложба. Евидентна е потребата за вакви видови на проекти за работа на ова поле.

 

Категорија/Прашање

 

Проблем/Успех

 

Влијание

 

 

 

Во периодот на имплементација на

 

Политичката криза придонесе одредени

 

 

 

проектот беа одржани парламентарни

 

 

 

 

 

активности да се пролонгираат односно

 

 

 

и локални избори. Истите предизвикаа

 

 

 

 

 

да не се одржат ваквите. Исто така

 

 

 

проблем при реализација на

 

 

Политичка криза/Избори

 

 

поради овие случувања била направена

 

 

одредени активности предвидени во

 

 

 

 

 

промена во временската динамика од

 

 

 

проектот како на пример средби со

 

 

 

 

 

планираната временска рамка на

 

 

 

политички партии и средби со

 

 

 

 

 

активностите.

 

 

 

ромската заедница

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Жените Ромки кои поминаа обуки,

 

 

 

Двата изборни циклуси имаа

 

веднаш можеле нивното знаење и

 

Политичка криза/Избори

 

позитивно влијание врз одредени

 

искуство да го применат во пракса. Дел

 

 

 

резултати од проектните активности

 

од жените Ромки биле активно вклучени

 

 

 

 

 

во изборниот процес.

 

 

 

 

 

Погрешните податоци креираат

 

 

 

Податоците од политичките партии не

 

погрешна фактичка слика. Со такви

 

Нетранспарентност/податоци

ја отсликуваат фактичката состојба на

 

податоци тешко е да се измери

 

 

 

терен

 

вистинскиот влијание за учество на

 

 

 

 

 

жената Ромка во политичките партии

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поради непредвидени средства за

 

 

 

Поради недостаток на соодветно

 

лицата кои требало да ги организираат

 

 

 

 

средбите во одредени градови се појави

 

Финансии/непланирани

 

планирање на активностите, не се

 

 

 

 

недостаток на логистичка мрежа, и

 

трошоци

 

испланирани финансиски средства за

 

 

 

 

поради тоа било тешко да се најде

 

 

 

одредени активности.

 

 

 

 

 

соодветно место за средба со

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

претставници на локалните заедници

 

 

 

 

28

 

 

И на овој проблем придонесе за

Ризици/Менаџирање-

Предвремените парламентарни

поместување на временската рамка на

избори и политичката криза не

одредени активности односно

Планирање

можеше да се предвиди.

предизвика бариери во комуникацијата

 

 

 

со политичките партии и институциите.

 

 

 

За успешна имплементација на ЕУ проекти потребно е персонал кој што има соодветни квалификации и искуство за менаџирање на ваков вид на проекти. Податоците добиени од политичките субјекти за застапеноста на жената во јавниот и политичкиот живот се несоодветни и не одговараат на фактичката состојба. Евидентирана е нетранспарентност и објективна желба за вклучување на жени во управните и раководни структури. При имплементацијата на проектот забележана е одредена незаинтересираност и пасивност одредена група на жени но генерално жените Ромки сакаат да бидат активно вклучени во сите пори на општествениот живот. Кај нив постои волја да бидат активен чинител на општествениот живот. За да им се овозможи ова, потребни се напори кај сите релевантни носители на општествениот живот да биде промената општествената свест и жените Ромки да си го заземат своето место во општеството.

29

Заклучок

Од извештајот во делот на избори може да се заклучи дека во секој изборен циклус бројот на советници на жени Ромки останува непроменет. За жал во целата држава на овие локални избори за советници беа избрани пет жени Ромки и тоа поголемиот дел односно вкупно четири се избрани во општина Шуто Оризари поради законската регулатива дека на секое трето место треба да биде жена. Во Македонија жената Ромка сеуште не се кандидирала за градоначалничка функција.

Од спроведените прашалници со учесничките во обуката, може да се увиди дека кај истите постои големо задоволство од учеството на обуките за мониторинг и прилагодените обуки. Најголем придонес обуките имаат во зголемување на вештините и знаењето на учесничките, што позитивно се одразува и на спроведувањето на иницијативи за зголемување на свеста на жените Ромки на локално ниво.

Од анализата по градови, произлегува дека учесничките од Делчево и Кочани имаат најголема самодоверба за почнување на политичка кариера и според тоа најголемо влијание од спроведените активности има во овие општини. Генерален заклучок е дека проектот ги има постигнато своите специфични цели со спроведените обуки, при што како позитивен аспект се издвојува тоа што учесничките имаа можност и практично да спроведат иницијативи и да ги практикуваат стекнатите знаења и вештини

Во делот на политичките партии и невладини организации може да се заклучи дека претставниците се едногласни во ставот дека жената Ромка треба да биде именувана на позиции во партиите но и во институциите. Исто така во тој дел може да се заклучи дека жената Ромка се соочува со помало политичко учество, а според мислењето на испитаниците тоа највеќе се должи на неверувањето на мажите дека жената може да биде добар политичар но и дека стегите на традиционалното ромско семејство каде мажот како глава на фамилијата не дозволува жената да излегува од домот и да се занимава со политика.

30

Во однос на научени лекции може да се заклучи дека политичката криза и парламентарните

илокални избори предизвикуваат проблеми при реализацијата на одредени активности на проектот. Но од друга страна забележани се и позитивни страни од изборите, жените кои поминале низ циклусот на обуки биле подготвени да се вклучат на избори. За време на избори политичките претставници се тешко достапни за средби, во исто време проектниот тим се соочува и со бариери со администрацијата во институциите. Во главно се заклучува дека дел од жените Ромки кои биле дел од проектните активности се веќе вклучени во одредени партиски и граѓански структури и кај нив постои волја да бидат активни чинители во општествениот живот.

31

Библиографија

Гласот на Америка. (2016) „Родова застапеност во политиката во Македонија“. Достапно и пристапено на: https://goo.gl/LVb56P (11.11.2017)

Државната Изборна Комисија. Достапно и пристапено на: https://rezultati2017.sec.mk

Обединети Нации. (2013) „Лидерство на жените и политичка партиципација“. Достапно и пристапено на : https://goo.gl/xArgaC (11.11.2017)

Реактор. (2015) „Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално

ниво во Македонија“. Достапно и пристапено на: https://goo.gl/EYMMK2 (11.11.2017)

Член 21 од изборен законик на Република Македонија (пречистен текст) 2016 год. Достапно и пристапено на: https://goo.gl/jCjJdb

32