D A J A
РОМСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ROMA WOMEN ORGANIZATION FROM MACEDONIA
ROMANI ORGANIZACIJA E DzUVLENGIRI TARI MAKEDONIJA

Copyright © 2017 DAJA  |  All Rights Reserved                                                                                                                           Design by Bajram Demirali
ИЗВЕШТАЈ ОД 24-то ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Одржано на 06.06.2017
во Ресторан "Рим Парис"



На 24-то редовно годишно Собрание на Здружение Ромска Организација на Жените од Македонија ДАЈА од Куманово беа поставени активностите кои организацијата ги има организирано во пртходната 2016 година. Така во 2016-та година е работено на 5 проекти и тоа

1.  ЈАВНО И ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ РОМКИ

         Носител РОЖМ ДАЈА - Куманово
         Парнтер НВО КХАМ ДЕЛЧЕВО
         Период 01.12.2016 - 31.11.2017
         Финансиран од Европската Унија
         Коофинансиран од ИнСок - Иницијатива за социјална промена


Опфаќа 5 града во Македонија и тоа Куманово, Делчево, Штип, Гостивар и Скопје. 
Директна целна група и директни корисници се жените Ромки на кои им е потребна постојана поддршка за да ги надминат стереотипите и предрасудите против Ромите во јавниот и политичкиот живот.
Главна цел на проектот е Учество на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот како основен услов за надминување на предрасудите и системската дискриминација како и подобрување на статусот на жените Ромки во Македонија. 
Специфични цели се
Зајакнување и поддршка на жените Ромки за учество во јавниот и политичкиот живот
Создавање на пријатна средина во политичките партии за вклучување на жените Ромки
Покачување на свеста кај населението, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите и опструкциите за учество на жените Ромки
Активности
Подготвување на основна база на податоци за бројот и позициите на жените Ромки во сите политички партии, државната и јавна администрација која база ќе даде информации за сегашната состојба, но ќе биде и основа со која на крајот ќе се споредува што е постигнато со самиот проект односно кои се конкретните резултати
Извршена е оваа активност од страна на РОМАЛИТИКО како правно лице стручно за изработка на ваков вид на студии и тие ја имаат изработено на македонски и англиски јазик. Оваа истражувачка студија ја има на нашиот сајт, на нашиот фејсбук профил, но и може да се достави на сите заинтересирани во електронска форма или на ЦД.
Тука се надополнува и активноста на Подготовка и печатење на 500 брошури со содржина за проектот-содржина што на мал простор треба да го претстави проектот во мало, но и да биде интересна да ги афирмира потенцијалните жени Ромки за да се активираат во јавниот и политичкиот живот и да излезат малку понадвор од вообичаениот семеен живот.
Во склоп на видливоста на проектот и неговото визуелно претставување пред учесниците, но и заинтересираните, изработени се и 2 банери, 50 постери, и по 500 папки, тефтерчиња и пенкала, кои како пропаганден материјал ќе бидат делени на сите активности каде што ќе има учесници.
10 јавни инфо средби на кои во просек од 20 учеснички беа запознавани со активностите на проектот и можноста активно да се вклучат во истите. Имаше по 2 средби во секој град и тоа во два круга, при што во првиот круг само се претставуваше проектот, додека во вториот се претставуваше Истражувачката статија на РОМАЛИТИКО, но и се бараа заинтересирани жени Ромки, што како таргет група ќе се вклучат во подоцнежниот тек на проектот.
Сега сме во подготовка и реализација на обуки на жените Ромки за набљудување на изборниот процес. Имавме една обука реализирана во Куманово со жени од Куманово, Делчево и Штип, на која предавач беше надворешен експерт. Сега имаме претстојна уште една таква обука за жени од Скопје и Гостивар која ќе биде реализирана во Скопје од истиот предавач.На овие обуки цел е жените да се стекнат со потребните знаења за активно да се вклучат во изборниот процес во Македонија прво како набљудувачи, а можеби понатаму и како членови на политички партии или пак и како кандидати на некои од листите. 
Ова ни е прва активност со нашата таргет група која понатаму ќе биде дел од нашите сообразени обуки, прилагодени на темите од кои нашите кандидатки мора да имаат претходно знаење за да може да бидат активен дел од политичкиот живот во Македонија и чинители на истиот.  Ние се целиме жените Ромки не само да ги извадиме надвор од ромските населби и нивните тесни семејства, туку да ги вклучиме во јавниот живот во сите пори и да ги внесеме во оној дел од политичките партии кои донесуваат одлуки, а не само ги извршуваат истите.
Овде ќе одиме со 7 прилагодени обуки и тоа на следниве теми 
1.    Пристап до човекови права и недискриминација
2.    Права на малцинствата, права на жените, интернационално и домашно законодавство и облигации
3.    Демократија и политички систем во државата, институционални механизми
4.    Политички партии и избори
5.    Комуникација и преговарачки вештини
6.    Лобирање и застапување
7.    Појавување во јавност, слобода на изразување и говор на омраза

Истите обуки ќе ги реализираат исти надворешни експерти кои прво ќе ги изработат потребните модули, а потоа и ќе ги реализираат 7 обуки-по една за секој наведен модул. 
Така нашите учеснички ќе добијат широко познавање од повеќе области кое знаење ќе можат практично да го искористат во понатамошниот дел од својата активност, на било кое поле.
Резултатите нема да ни се целосни само ако работиме со жените Ромки. Затоа дел од нашите активности се насочени и кон мажите, претставници на политичките партии, државните институции или бизнис секторот, да преку контакти со нив се дојде до создавање на пријатна средина за напредок на жените Ромки.
Така имаме планирано средби со политички партии и тука акцент ставаме на ромските политички партии, кои треба да се најплодно тло за напредување на жените Ромки на политички план. Меѓутоа не се ограничуваме само на ромските политичќки партии, туку ги конктактираме и поголемите македонски партии, додека во наредниот период ќе настојуваме да оствариме средби и со претставници на поголемите албански партии, како дел од мрежата на партии во Македонија.
До сега имавме контакти со СДСМ, ДОМ, ПЦЕР, СРМ, ДСР и ПИР. Имавме неуспешни контакти за средба со ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ, РОМ и ОПЕ, кои не ни ни одговорија на нашите барања за средба на која ќе презенеитраме за нашите активности, но и ќе им понудиме кадри подготвени за активација во нивните партии.
Се надеваме дека во иднина ќе имаат повеќе слух за невладиниот сектор и дека поактивно ќе соработуваат со нас, за добро и на двете страни.
Во склоп на ова активност ќе имаме и обука за 20 претставници на политички партии-мажи со кои ќе се работи на добивање на нивна подршка за поголема вклученост на жените во политиката.
Цел ни е не само политичка активација, туку и поголема вклученост во јавниот живот, па затоа имаме организирано и уште ќе оствариме средби со претставници на локална заедница, локални органи, бизнис партнери, медиуми. Кај нив правиме напори преку запознавање со состојбата со жените Ромки да бараме нивна подршка и активност за подобрување на состојбата и поголема вклученост на жените во локалните органи или претпријатија.
Целиот проект ќе биде заокружен со изработка на Извештај за влијанието што проектот го имал врз средината и за постигнатите резултати во изминатите две години. Тогаш статистички ќе може да се види што се постигнало и во однос на почетната дата база што е променето и дали во однос на предвиденото е постигнато доволно или е надминато.
Овој Импакт репорт ќе биде публикуван и ќе биде поделен на учесниците на завршната конференција која ќе биде организирана за 50 учесници и на која ќе бидат претставени постигнатите резултати, а се надеваме дека тие ќе бидат далеку подобри од она што го предвидовме при изработката на проектот.


2.   ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ МАЛЦИНСТВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ, ПРЕКУ ПОТИКНУВАЊЕ НА НИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

               Носител ПСМ - Претприемачки Сервис за Млади
            Партнери РОЖМ ДАЈА - Куманово
                        ЗИП Институт - Скопје
                        ФУТУРЕ 21 - Бугарија
            Период 15.12.2016 до 14.08.2017
            Финансиран од Европската Унија


ЦЕЛ: Да го фасилитира процесот на интеграција на младите луѓе и жените од етничките малцинства во земјата преку:


АКТИВНОСТИ:




3.   СЛЕДЕЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА РОМИТЕ

                Носител: Хелсиншки комитет за човекови права во Р.Македонија
             Партнери: РОЖМ ДАЈА - Куманово
                            РОМА С.С.С - Прилеп
                            НВО КХАМ -Делчево
                            НВО АМБРЕЛА - Скопје
                            НВО Баирска Светлина - Битола
                            Романо Авази - Тетово
             Период: Март 2016 до Декември 2016
             Проектот е финансиран од Амбасада на С.Р.Германија
                    


Пристапот во Канцеларијата е целосно индивидуализиран и заснован на целосна доверба во однос клиент-правник и со заштита на личните податоци.Општиот пристап пак е заснован на зајакнување на јавната свест за правата и слободите, нивниот обем  и начинот на нивната заштита при евентуална повреда.


Канцеларијата за бесплатна правна помош секој ден им дава правна помош и заштита на граѓаните  преку:
 
Правни консултации
Изработка на тужби, жалби, приговори и разни други  поднесоци
Барања и претставки до државни органи
Активно посредување меѓу граѓаните и државните институции
Набљудување и известување за поведените постапки
Прес-конференции и јавни трибини за актуелни проблеми 

Преку овој проект успеавме на многу лица да им помогнеме во нивните проблеми кои им се појавија со државните институции, со цел да ги остварат или заштитат своите законски определни права и слободи. Ваквата канцеларија е неопходност за нашиот град и искрено се надеваме дека во наредниот период повторно ќе добиеме проект кој што ќе ги покрива трошоците на нејзинито функционирање.


4.   ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВА МАЛОЛЕТНИ БРАКОВИ

            Имплементатор: РОМА С.О.С - Прилеп
            Локација: Прилеп, Куманово, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Штип
            Локален Асистен - РОЖМ ДАЈА - Куманово
            Период: Септември 2016 до Декември 2016
            Финансиран од УНИЦЕФ

Цел 1: проектот ќе застапува залагање за реформа на законодавството во областа на детските бракови. За потребата од обезбедување на поголема поддршка, како и воспоставување неформална мрежа на граѓани и локални граѓански организации, овој проект предвидува сет на активности за организирање на консултативни состаноци со локалните граѓански организации; промовирање на студијата на случај за сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата; и организирање на соодветна промоција во медиумите. Оваа мрежа на граѓански организации, исто така, ќе биде охрабрена да ги поддржи активностите за застапување во рамките на законодавната иницијатива за измени и дополнувања на таргетираните закони, а за која веќе е обезбедена логистичка поддршка од Фондацијата Вестминстер и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, како и Националниот Демократски Институт.

Во првата компонента од овој проект имавме локални средби со преставници од локалните институции исто така преку анкетирање на таргет групата сознавме која е всушност причината за овие малолетни бракови. Затоа исто така целта ние да го смениме законот за семејство каде што е регулирана брачна заедница да се избрише можноста над 16 годишна возраст да можат да склучат брак со изречна согласност на родители во судска постапка.

ЦЕЛ 2: ќе биде спроведена јавна информативна кампања за правото на детски додаток и критериумите за остварување како и подетални информации за процесот на апликација што ќе се развива и спроведува врз основа на: примарно истражување на Центрите за социјална работа; дискусии на фокус групи  помеѓу потенцијалните корисници на правото на детски додатоик. Кампањата има за цел да се справи со проблемите и недостатоците како на страната на давателите така и на страната на корисниците. Пораките за комуникација и сите ПР материјал ќе бидат развиени во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ПР агенција идентификувана од страна на УНИЦЕФ. 

Во втората компонета од овој проект одржавме состанок со фокус група од Роми за истражувањето на Ромалитико, во текот на наредниот месец треба да почнеме со другите активности од оваа компонента.


5.   ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА РОМИ ВО ЈАВНИ ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ (ДЕТСКИ ГРАДИНКИ)

Проектот "Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)", Министерството за труд и социјална политика го реализира  во соработка со Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, 18 единици на локална самоуправа, како и 17 Ромски НВО партнери со цел исполнување на дел од мерките и активностите кои произлегуваат од Декадата и Стратегијата за Ромите во Република Македонија. Проектот се спроведува во општините: Чаир, Гази Баба, Карпош, Битола, Куманово, Гостивар, Тетово, Велес, Прилеп, Виница, Кочани, Делчево, Берово, Кичево, Штип, Пехчево, Шуто Оризари и Центар. 


Главната цел на проектот е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи, една година пред поаѓање во основно образование, а во последните три години зголемувањето на бројот на деца Роми во предучилишните установи, се однесува за деца од една до две години пред поаѓање во основно образование.


Исто така, се настојува да се подобри пристапот, ставот на родителите на опфатените Ромски деца преку јакнење и поддршка на развојот и образованието на Ромските деца на возраст од 4 години и 5 месеци до 6 години, да се подобрат социјалните вештини, подобрување на владеењето со македонскиот јазик, како и да се зголемат компетенците на воспитувачите и негователите за работа и надминување на предрасудите и стереотипите за Ромите во јавните детски градинки. За потребите на проектот Министерството за труд и социјална политка одобри посебни средства за работно ангажирање на 17 негователки Ромки.