РОМСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ROMA WOMEN ORGANIZATION FROM MACEDONIA
ROMANI ORGANIZACIJA E DzUVLENGIRI TARI MAKEDONIJA
РОЖМ “ДАЈА” од Куманово, во рамките на проектот “Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување” објавува повик за пријавување на бесплатни обуки за вработување, кои ќе се реализираат во текот на месец јуни.

Во рамките на обуките учесниците ќе имаат можност да научат како се пишува CV и мотивационо писмо, како и комуникациски и презентерски вештини при интервју за работа. Со помош на искусните обучувачи, избраните кандидати ќе научат како се пишува CV и мотивационо писмо  при аплицирање за работно место и ќе знаат како да комуницираат  при интервју за работа.

Учесниците кои успешно ќе ја завршат целата обуката ќе имаат можност за учество во Натпревар за бизнис план, на кој најдобрите бизнис идеи ќе бидат финансирани со неповратни средства по 3000 евра.

Сите заинтересирани млади од 18 до 30 години може да се пријават на овој линк или на нашите 
e-mail адреси: daja@daja.org.mk и bajram91@yahoo.com


Copyright © 2017 DAJA  |  All Rights Reserved                                                                                                                           Design by Bajram Demirali
D A J A