РОМСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ROMA WOMEN ORGANIZATION FROM MACEDONIA
ROMANI ORGANIZACIJA E DzUVLENGIRI TARI MAKEDONIJA

D A J A
Јавен повик бр.5 
За пријавување на учеснички на 7-те прилагодени обуки



Почитувани,

Здружение Ромска организација на жени од Македонија "ДАЈА"  од Куманово отвата јавен повик за пријавување на 30 жени Ромки кои ќе учестуваат на 7-те прилагодени обуки за поголема политичка активација на жените Ромки. 
отвара јавен повик за пријавување на 30 жени Ромки кои ќе учествуваат на 7-те прилагодени обуки за поголема политичка активација на жените Ромки.

Обуките ќе бидат во рамки на проектот Јавно и политичко учество на жените Ромки, кој е финансиран од Европската унија, во рамки на EIDHR, а е спроведуван од Здружение Ромска организација на жени од Македонија ДАЈА Куманово во партнерство со НВО КХАМ од Делчево.

Учесничките кои ќе се пријават за обуките ќе имаат обврска да учествуваат на сите 7 обуки, кои во целост ќе формираат една целина. На крајот со реализирањето на 7-та обука ќе се стекнат со право да добијат сертификат за успешно завршената обука за поголемо учество и активација на жените Ромки во политика.

Обуките ќе се реализираат во периодот од 01.06.2017 до 01.10.2017, во термини што дополнително ќе бидат определени во координација со селектираните кандидатки. Како денови на обука, се планираат петок, сабота и недела , како прикладни за самите учесници.

Право на учество имаат жени Ромки постари од 18 години, со завршено минимум средно образование.

Сите заинтересирани жени Ромки може да се пријават на следниот линк, на нашата e-mail: daja@daja.org.mk или лично во просториите на РОЖМ ДАЈАул.Иво Лола Рибар бр.46

Рокот за пријавување е најдоцна до 26.05.2017 година.



Copyright © 2017 DAJA  |  All Rights Reserved                                                                                                                           Design by Bajram Demirali