D A J A
РОМСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ROMA WOMEN ORGANIZATION FROM MACEDONIA
ROMANI ORGANIZACIJA E DzUVLENGIRI TARI MAKEDONIJA
Proekti:

Наслов:      Медијаторство

Датум:        2009-2009

Донатор:    Охфам НОВИБ-Холандија

Цел:    Полесно прилагодување и адаптација на децата во школската средина, следење на редовноста, набавка на учебници, помош на ромските ученици во совладување на наставата и промоција на образованието кај нив и нивните родители.

Опис:  Од оваа година (2009) новина во Образовната програма е воведување на активноста Медијаторство. Идејата на проектната активност се состои во помош на ромските ученици од основното образование, пред се во 5 одделение со користење на медијатори - Роми студенти како позитивни примери. Активноста се состои во теренски посети на семејствата на учениците како и постојани контакти со нивните класни раководители од 5 основни училишта од градот. Секој од медијаторите е задолжен за петанесетина најпроблематичните ромски ученици од соодветното училиште, во поглед на поведението и успехот, вкупно 78 деца. Нивната улога е во функција на полесно прилагодување и адаптација на децата во школската средина, следење на редовноста, набавка на учебници, помош на ромските ученици во совладување на наставата и промоција на образованието кај нив и нивните родители. Следствено на тоа, медијаторите ги охрабруваа родителите, особено мајките да не се срамат да присувствуваат на родителските состаноци. Медијаторите беа избирани врз основа на нивниот успех во школувањето и препораки од наставниците при што се водеше сметка и за родовиот баланс. Беа склучени меморандуми за соработка со 5 ОУ од градот, беше побарана и добиена дозвола за спроведување на проектот од Министерството за образование и наука. Секој од медијаторите водеше евалуативни листови за секој од учениците за кои е одговорен. Еднаш месечно сите медијатори заедно со по 1 одговорно лице (стручен соработник) од секое училиште, организираа заедничка средба на која дискутираа и заеднички бараа решение за одделени проблеми.


Наслов:     ОБУКА НИЗ РАБОТА ЗА МЛАДИ РОМИ

Датум:       2005-2006

Донатор:   Македонска Развојна Фондација за Претпријатија МРФП и МЦМС.

Цел:    Подобрување на квалификациите и способностите на младите Роми преку процесот на чиракување и промовирање на еднаков пристап на младите Роми на пазарите на трудот.

Опис:  Основната цел за започнување на овој проект е подобрување на квалификациите и способностите на младите Роми преку процесот на чиракување и промовирање на еднаков пристап на младите Роми на пазарите на трудот. Вклучувањето на младите Роми во трудовиот процес покрај учењето на одделните занаети директно во производствените, угостителските и козметичко-фризерските претпријатија, истовремено им дава можност за нивно вработување по завршената обука. Друга цел е покрај самиот процес -чиракување да се надминат етничките стереотипи и предрасуди спрема младите Роми во Македонија. Од Јули 2005 година до Март 2006 година вкупно чиракуваа 16 млади луѓе во различни фирми. Проектот е финансиран од Македонска Развојна Фондација за Претпријатија МРФП и МЦМС.


Наслов:      СТУДИСКА ПОСЕТА

Датум:       2005-2005

Донатор:   Граѓански Иницијативи од СРЈ.

Цел:          Размена на искуства

Опис:   Во јануари 2005 година Р.О.Ж.М. ДАЈА- Куманово го реализираше проектот Студиска посета за размена на искуства со Фондацијата СЕГА (Старт за Ефективни Граѓански Алтернативи) од Софија, Бугарија. Проектот и овозможи на Даја да стекне увид во положбата на Ромите во Бугарија, да размени искуства со НВО- ите и Фондацијата од Бугарија, и да направи комапарација со состојбата на Ромите во Македонија. Покрај Фондацијата СЕГА, беа посетени уште две Ромски НВО-и од Ќустендил и тоа: “Нево Дром” и “Романи Дај”, кои се партнери на Фондацијата СЕГА. Посетата беше финансирана од Граѓански Иницијативи од СРЈ.

РОМСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ROMA WOMEN ORGANIZATION FROM MACEDONIA
ROMANI ORGANIZACIJA E DzUVLENGIRI TARI MAKEDONIJA

Copyright © 2017 DAJA  |  All Rights Reserved                                                                                                                           Design by Bajram Demirali